Органски путер од лешник и мед-супер храна со безбројни здравствени придобивки?

Во повеќе краеви од светот, путерот е незаменлив и секојдневен дел од исхраната, а луѓето го комбинираат со слатки и солени вкусови, десерти, пецива, па дури и пијалаци. Важи за здрав производ кој дава енергија во текот на целиот ден. На нашите простори, иако е популарен, сепак не е толку често користен, поради неговата поефтина и помалку здрава алтернатива – маргаринот.

Како се подготвува путерот од лешник и мед? Уште поважно, зошто е тој суперхрана?

Путерот од лешник се прави така што се одвојуваат најдобрите лешници. Истите се кршат, се чистат, печат и мелат во текот на истиот ден. Тоа им го дава прекрасниот вкус и аромат на нашите путери.

Путерот содржи повеќе калории – околу 700-750 калории на 100 грама, во зависност од типот на путер. Но, тоа се калории кои не се секогаш штетни за организмот, а и оваа количина калории само изгледа многу, бидејќи скоро никогаш нема да се најдете во ситуација каде сами ќе консумирате 200-300 грама путер од лешник.

ЗАУМ путерот од лешник и мед поседува многу потребни биолошки квалитети: содржи својства кои му даваат енергија и топлина на телото, го поттикнува правилниот раст на коските, ја одржува кожата здрава и сјајна, го подобрува видот и што уште не. Како особено важно својство на путерот се издвојуваат фосфолипидите – сложени масти кои учествуваат во транспорт на мастите, масните киселини и холестеролот, а притоа помагаат во одржување на когнитивните функции и имунолошкиот систем.

За балансирана исхрана препорачливо е да се консумираат разновидни производи и намирници, од кои повеќето одат одлично во комбинација со путер – без разлика дали се работи за слатки или солени деликатеси, готвени јадења, пецива и што уште не.

За крај, треба да знаеме дека маргаринот содржи вода, растителни масла, додатни состојки за одржување на цврстината, траги од соја, конзерванси и еден куп хемиски соединенија кои се тешки за изговор, како на пример полиглицеролполирицинолат.  Додека путерот од лешник има супериорен вкус и поквалитетен состав, но е малку поскап и покалоричен. Сепак, умерената употреба во ограничени количини го прави идеален за секојдневна исхрана, бидејќи неговите нутриционистички својства го сместуваат во групата на суперхрани што имаат голем позитивен ефект на здравјето.

Translate »