Загрозениот сведок Ц1 ќе сведочи што видел при упадот во Собранието
Во кривичниот суд во Скопје денеска обвинителите и адвокатите и обвинетите ќе го испрашуваат загрозениот сведок во настаните од 27 април 2017. На монитор во судницата на прашањата со заматен лик и мутиран глас присутните ќе го следат исказот на загрозениот сведок со ознака Ц1. Овој сведок е последниот што го предложи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Судење има закажано и за утре, 17 октомври. Судијката Добрила Кацарска, која постапува по предметот, закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година. По неговото сослушување, на следните рочишта ќе бидат изведени доказите, меѓу кои се и снимките што ги обезбедило Обвинителството што го застапува предметот.
Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.
Обвинети се и Горан Ѓошевски – Леви, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР – Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Митре Питроповски…