Рено и Публицис Италија продаваат автомобили преку четботови
Рено Италија користи Instagram Stories и четботови за продажба на ограниченото издание на својот Captur SUV.
Кампањата, која ја осмисли Публицис Италија, се однесува на Инстаграм приказни во манга стил кои го промовираат Captur SUV инспириран од Јапонија. Идните купувачи можат да ги следат овие т.н. “Токио приказни”, а потоа да се поврзат со четбот со ликот од приказната за да нарачаат автомобил преку Facebook Messenger.
Рено тврди дека ова е за прв пат автомобили да се продаваат преку четботови на Facebook Messenger. Кампањата беше лансирана на 10 октомври, а Рено Италија доби две нарачки во рок од 24 часа.