Билјана Врцал Ванчевска: Како стресот влијае на здравјето на забите?

Динамичниот начин на живот, кратките рокови, се почестите обврски и постојаните притисоци, здравствената криза, дефинитивно ни причинува стрес. Повеќе или помалку стресот делува на секој од нас, на него различно реагираме, но заедничко за сите е што ни го нарушува нормалниот и здрав живот.

Притоа треба да знаеме дека долготрајната изложеност на стресни ситуации негативно се одразува на целокупното наше здравје пред се на внатрешните органи, кожа, коса, но и на здравјето на забите.

Според Билјана Врцал Ванчевска дипл. Забен техничар сопственик на ПЗУ заботехничка лабораторија Лаб Про Дентал  од Битола, во стресни ситуации хормоните и плунката се лачат на поинаков начин, а неретко се случува и заради преоптеретеност да ја запоставиме дневната рутина на нега на забите.

Исто така стресот предизвикува и голем број други негативни работи, поврзани со нашето орално здравје?

▫️Непријатен здив

Како резултат на стресот може да се јави рефлукс т.е враќање на желудочна киселина во усната шуплина при што во устата се развиваат многу бактерии кои предизвикуваат непријатен здив. Стресот доведува до намалено лачење на плунка што неповолно делува на здравјето на забите и здивот.

▫️Шкрипење со забите и болка во вилицата и вратот

Високо ниво на стрес може да предизвика контракција (стегање ) на мускулите на вилицата при што доаѓа до ноќното шкрипење со заби кое пак од своја страна доведува до трајно оштетување на забите. Личноста најчесто не е свесна бидејќи ова се случува во сон. За да се сочуваат забите од евентуални оштетувања во текот на ноќта, се препорачува изработка на индивидуални ноќни сплинтови .

▫️Афти

Како резултат на стресот, се случува пад на имуниот систем па може да се појават мали оштетувања во усната шуплина кои се упорни и болат. За ублажување на симптомите може да испирате со чај од жалфија, да избегнувате зачинета и кисела храна, како и кисело овошје кое дополнително ќе го иритира делот зафатен со афти, советуваат  од Лаб Про Дентал.

Неретко се случува и крварење од непцата кое може да настане од многу причини, но една од почестите е стресот, при што може да дојде до појава на преосетливот, воспаление и црвенило. За да тоа се надмине корисно е да се направи и длабинско чистење на забите и непцата, но секако е неопходно да се посветиме на темелно решавање на стресот и да поминувате повеќе време на нешта кои не опуштаат.

 Советите кои доаѓаат од ЛАБ ПРО ДЕНТАЛ центар за современа стоматолошка естетика се секогаш добредојдени затоа што ЛабПро ДЕнтал користи нов револуционерен концепт во изработката на протетските конструкции од циркониум и металкерамика.

        Комјутеризираниот пристап во изработката, изборот на материјалите како и квалификациите на тимот  во заботехничката лабораторија се од исклучителна важност за зачувување на оралното здравје на пациентите.

 Со избор на ЛАБ ПРО ДЕНТАЛ, ја отвoрате вратата на најсовремените решенија на денталната медицина, кога станува збор за природен изглед преку форма и боја на забите кои ги изработуваме за нашите клиенти.

Навремената дијагноза од страна на искусен стоматолог и квалитетната изработка во заботехничката лабораторија  се од исклучителна важност при навремено спречување на несакани последици, но и за квалитетно лекување. Не чекајте, закажете си преглед кај вашиот стоматолог и побарајте ги нашите услуги.

Изборот е Ваш, а нашата задача е да ги креираме најубавите насмевки 🦷ЛАБ ПРО ДЕНТАЛ

Translate »