Publicis Groupe го купува купува Епсилон за 4,4 милијарди американски долари
Една од најголемите рекламни агенции во светот, Publicis Groupe ја купува американската агенција за дигитален маркетинг Епсилон. Француската компанија ќе го купи Епсилон за 4,4 милијарди долари.
Како што е наведено во соопштението, купувањето веќе е одобрено од одборот и надзорниот одбор на Publicis Groupe, кој смета дека “тоа е голема можност имајќи го во предвид развојот на индустријата”.
Страните се надеваат да ја комплетираат зделката во третиот квартал на 2019 година и ако биде постигнат договор, тогаш договорот ќе биде еден од најголемите во маркетинг индустријата.
Купувањето на Епсилон ќе и овозможи на француската медиумска група да ја зајакне својата позиција на американскиот пазар. Минатата година, компанијата објави 1,9 милијарди долари приход, а речиси сите овие приходи доаѓаат од САД.