Моќна бобинка: Делува како природен антибиотик, ги лекува уринарните инфекции и го спречува настанувањето на карцином
Овој плод ќе ве ослободи од големиот број непријатности кои со себе ги носат инфекциите на уринарниот тракт и проблемите со бубрезите, а ќе спречи и настанување на многу други здравствени проблеми, на сосема природен начин.
Брусницата е природен антибиотик бидејќи спречува таложење на бактерии на ѕидовите на слузницата во организмот. Особено е популарна за спречување на враќањето на инфекциите во уринарниот тракт. Познато е дека антибиотиците ги уништуваат бактериите кои се присутни во урината, но дел од бактериите се “кријат” во ѕидовите на мочниот меур и по престанокот на терапијата со антибиотици продолжуваат да се шират низ уринарниот тракт.
Брусницата се користи во случај на уринарни инфекции, а потврдено е и нејзиното одлично дејство против ешерихија коли и други патогени бактерии кои предизвикуваат инфекции во мочните патишта.
Благодарение на присуството на биофлавоноиди, ја спречува и појавата на проблеми со непцата, срцето и крвните садови како и атеросклероза (стеснување на крвните садови). Поради својот пријатен киселкав вкус се користи и како сок за освежување или за грицкање, а особено им се препорачува на лицата кои се изложени на стрес или имаат некое заболување на срцето и крвните садови.
Како делува брусницата?
Брусницата содржи проантоцијанидини кои ја “опколуваат” бактеријата ешерихија коли и го спречуваат нејзиното настанување на ѕидот на мочниот меур и мочните патишта. Дејствува и на други патогени на уринарниот тракт (Staphylococcus aureus, Klebsiella pneumoniae, Pseudomonas aeruginosa, Proteus mirabilis).
Компонентите на плодот на брусница исто така го спречуваат лепењето на “Helicobacter pylori” на ѕидот на желудочната слузница. Хеликобактерот е предизвикувач на чир на желудник. Брусницата содржи и моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките на организмот од оштетување. Постојат и истражувања за ефектите на брусницата врз спречувањето на појава на клетки на рак и нивно ширење во организмот, кај ракот на дојка и дебелото црево.
Што велат научните истражувања?
Ефикасноста на брусницата во третманот на уринарните инфекции е потврдена, а докажано е дека спречува и лепење на бактериите за ѕидовите на мочниот меур. Брусницата покажува антибактериско дејство против речиси сите видови бактерии што го напаѓаат уринарниот тракт.
Како се консумира брусницата?
Се користат плодови (свежи или сушени), чај, сок, сируп, концентрат, капсули. Поради поголемата количина на витамин Ц, брусницата има киселкав вкус. Течните форми се користат во зависност од концентрацијата, од неколку лажици (концентрат) до неколку децилитри на ден (сок). Може да се користи и превентивно, кај лицата кои се склони кон повторувачки уринарни инфекции.