ВИДЕО: 3000 голи велосипедисти возеа низ Филаделфија
Околу 3.000 велосипедисти учествуваа на годинешното голо возење низ Филаделфија (Philly Naked Bike Ride), информираат организаторите на манифестацијата која промовира позитивен пристап кон човековото тело.
Велосипедистите се собраа во еден парк во Филаделфија каде се соблекоа и оттука почнаа со возењето низ улиците во Филаделфија.
Дел од нив беа сосема голи, додека други возеа облечени само во долна облека или прекриени со боја по телото.
Голото возење се организира за да се промовира позитивна слика за телото, но и како порака за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и протест поради зависноста од фосилните горива.
Орен Рот-Ајзенберг кој учествува секоја година на манифестацијата вели дека таа за него е како Божик и е најсреќниот ден во годината.
„Тоа е пресек помеѓу најсреќниот ден и најважните нешта“, изјави тој.
Мелани и Џејмс О’Kонор кои меѓусебно ги обоија своите тела учествуваат на возењето по седми пат.
Тие се сретнале во 2012 година на овој настан и оттогаш се заедно.
„Го цртав кога се запознавме. Седум години подоцна повторно сме голи“, рече таа.
Настанот претходно традиционално се одржуваше во септември, но веќе е поместен во август бидејќи учесниците се жалеле на студ.