Командант Хоџа: Секакви луѓе има во владата, а вие реагирате на мене

Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене,  напиша на својот Фејсбук профил Џезаир Шакири или познат како командант Хоџа, по информациите дека е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

„Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“, напиша командат Хоџа.

Од Владата нема потврда, ниту демант за ваквата информација.

Translate »