Ким и Клои Кардашијан се сончаат голи на плажа?
Сестрите за време на годишниот одмор решиле заедно да се фотографираат.
Додека уживале на плажа, сфатиле дека тоа е совршено време да ги покажат новите костими за капење од нивната голема колекција, а со оглед на тоа дека станува збор за најпопуларните светски трендсетерки, не е ни чудно што ова се најпопуларните модели за годинава.
Имено, уште од почетокот на летото, модните инфлуенсерки го наметнаа трендот на безбојни бикини и едноделни костими за капење кои изгледаат како вашата кожа, па од далечина може да ви се причини дека девојката која носи вакво бикини е сосема гола.
Сестрите позирале заедно со пријателката Ла Лом Антони, која облекла бикини со змиски принт.
И додека Ким се одлучила за минијатурно бикини со металик отсјај, Клои своите облини ги истакнала во едноделен костим.
Сите дами добиле само пофалби на сметка на нивниот изглед.