Авиомеханичар грабнал авион , лудувал по небото, а го бркала воена авијација (Видеo)

29 годишен авиомеханичар украл патнички  авион од аеродромот  Такома во Сиетл и по вратоломниот лет  се урнал во близина на островот Кетрон. Во авионот  немало патници. Од радарската контрола стапиле во контакт со киднаперот и го убедувале да слета. ” Jaс сум само едно скршено момче, подготвено да го помине остатокот на животот во затвор”, одговорил механичарот, одбивајќи да го спушти авионот.

Авионот кој изведувал вратоломни лупинзи пред да падне,  бил следен од 2 воени авиони од типот ф-15.

“Момциве позади мене се обидуваат да ме запрат. Но, јас  се уште не сум подготвен да се спуштам'”, ова се зборовите на момчето пред да отиде во смрт.

Сведоците настанот го опишуваат како сцена од филм.

Полицијата  потврди дека 29 годишниот механичар бил суицидален и дека случајот нема врска со тероризам.

 

Translate »