Сликите на шестгодишниот Пикасо достигнуваат цена од 2.000 евра
Родителите на шестгодишниот Микаил Акара случајно го откриле неговиот талент. За четвртиот роденден му подариле сликарско платно и бои за сликање со прсти не ни сонувајќи што ќе се случи во наредните две години.
Кога неговиот татко Керем првпат го видел делото на Микаил, тој помислил дека го нацртала мајката на момчето, Елван. Но, и таа била изненадена, а истовремено и воодушевена од талентот на својот син.
Гордиот татко одлучил да стави фотографија на сликата на Фејсбук, и покрај многуте пофалби и воодушевени коментари, наскоро стигнала понуда од потенцијален купувач. Потоа сè се променило. „Пикасо од детската градинка”, како што го нарекуваат нагалено во Келн каде што живее, имаше неколку изложби, а една од најуспешните беше во Хамбург. Таму за еден и пол час се продадени десет од неговите 17 слики, по цени од 790 до 2.130 евра.