Иновативните производи на Виталиа претставени на PLMA New Product EXPO

Луѓето почнаа да стануваат свесни за важноста на храната во поглед на водењето на здрав и пријатен живот, а се’ почесто сe претпазливи не само во поглед на вкусот и квалитетот, туку и во поглед на компанијата, нејзината одговорна или неодговорна пракса, па дури и самиот корпоративен имиџ на производителот.

PLMA (Private Label Manufacturers Association) секоја година го организира своето International Trade Show, на кое околу 3.500 брендови од светот добиваат шанса да ги претстават нивните производи пред јавноста.

Посебен сегмент од саемот е New Product Expo, кој ги истакнува иновациите во рецептури и амбалажа на овогодинешните изложувачи. Поделени во 8 категории, повеќе од 500 производи од речиси 400 изложувачи од 42 земји ќе бидат презентирани за да ги видат сите посетители и изложувачи.

Пробиотските колачиња и веганските смеси на Виталиа и на овој саем беа одбрани како дел од  New Product EXPO поради нивната иновативна рецептура, состојките кои се употребуваат, како и нивната функција во исхраната – да понудат здрава опција за оброк, без компромис на вкусот.

Веганските смеси претставуваат вкусна опција за оброк за сите вегетаријанци, вегани, како и за оние кои не сакаат да ја чувствуваат грижата на совест секогаш кога консумираат месо. Тие имаат автентичен вкус и мирис и  направени од растителен протеин (од грашок), збогатени се со витамин Б12, а истовремено се без глутен и без соја. Токму алтернативите на месните производи се  во фокусот и на саемот оваа година, како еден од потрошувачките трендови на кои се приклучуваат се’ повеќе луѓе ширум светот.

Помеѓу главните  трендови во прехранбената индустрија е и зголемениот интерес за т.н. „функционална храна“. Особено беше ставен фокус на функционалните закуски, за кои имаше голем интерес на Ссемот, а токму штандот каде што беа Пробиотските колачи на Виталиа беше еден од најпосетените во сегментот New Product EXPO. Пробиотските колачи веќе станаа популарни кај домашната јавност поради нивната улога во функционална исхрана, која ја применуваат физички активните лица и оние кои практикуваат здрави навики, но истата е неопходна за секој од нас. Колачињата PROBIOTIC помагаат за подобра дигестија, го одржуваат внатрешниот баланс и помагаат да се зајакне имунитетот, или накратко – тие се вкусна закуска која нуди супериорни придобивки за здравјето.

Саемот беше одлична прилика да се види како се менуваат потрошувачките трендови во реално време, следејќи го интересот на купувачите и нивните потреби. Посетителите беа особено заинтересирани за функционалноста на производите, начинот на нивна консумација, како и состојките од кои се направени. Така, штандот на Виталиа беше многу атрактивен за нив, кои беа заинтересирани и за протеинските барови, како и за целокупната протеинска линија која освен со функционалноста се истакнува и со дизајнот. Заклучокот од International Trade Show на PLMA е дека и во следниот период, потрошувачите ќе се придржуваат кон растечките трендови на консумирање храна со високо количество на протеин, богати со растителни влакна и формулирани од здрави, безбедни и уникатни состојки.

Повеќе за Виталиа дознајте на: https://www.vitalia.com.mk/mk/

Translate »