Доаѓа арктички студ: Европа се соочува со својот прв вистински предизвик во заштедата на енергија

Арктичкиот студ што ќе ја зафати Западна Европа во текот на следната недела, како што пишува Блумберг, ќе биде првиот тест за тоа колку се подготвени Европејците да го одложат почетокот на греењето за да заштедат енергија и да го олеснат буџетот на домаќинствата.

Температурите во Лондон ќе бидат речиси 5 степени Целзиусови под просекот за овој дел од годината и ќе достигнат до 6,5 степени во текот на ноќта во вторник, според синоптичарот Maxar Technologies Inc. Германскиот град Франкфурт се предвидува во среда да биде 3,5 степени под нормалата за септември, додека делови од Франција и Шпанија исто така ќе се соочат со температури од 3 до 4 степени под сезонската норма.

Во меѓувреме, мрежните оператори разработуваат планови за рационализирање на енергијата доколку е потребно оваа претстојна зима. Со целосно искористување на опциите за замена на руските испораки на природен гас со други извори, фокусот е на намалување на побарувачката. Во идеална ситуација, потрошувачите ќе го сторат тоа доброволно, но доколку не го сторат, постојат неколку мерки на кои мрежните оператори можат да прибегнат, а најекстремната од нив е организираното исклучување.

„На почетокот на следната недела ќе биде уште постудено бидејќи арктичкиот воздух ќе тече на југ, а силниот северен ветер ќе го зголеми чувството на студенило“, велат од метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство.

Грејната сезона официјално започнува дури во октомври, кога температурите треба да се вратат во нормала, но ова ќе биде тест на реалноста кога станува збор за дисциплина во потрошувачката на енергија во регионот во време кога владата се обидува да ја намали потрошувачката во сите сектори на економијата. Европската унија дебатира, за обврзувачката цел за намалување на електричната енергија.

Додека владите издвојуваат милијарди евра за поддршка на потрошувачите кои се борат со зголемените трошоци за енергија, постои надеж дека многу луѓе ќе ги исклучат своите термостати, дури и во постудените месеци.

„Постојат одредени знаци за намалување на побарувачката на домаќинствата поради растот на малопродажните цени“, вели EnergyScan, платформа за анализа на пазарот на француската групација за енергетска индустрија Engie SA. „Но, тоа допрва треба да се потврди во наредните недели“, забележуваат тие.

Со оглед на тоа што многу луѓе се враќаат во канцеларијата по олеснувањето и укинувањето на мерките за коронавирусот, побарувачката за енергија треба да достигне врв во раните утрински и доцните попладневни часови, особено ако се има предвид дека ќе има многу повеќе вклучени светилки како што деновите ќе се намалуваат.

Во Обединетото Кралство, постојат знаци дека побарувачката за гас рано наутро веќе се зголемува оваа недела, според податоците од мрежниот оператор National Grid Plc. Производството на електрична енергија од ветерниците, пак, беше ниско, што го истакнува проблемот што мирното време во комбинација со ниските температури може да биде исклучително тешка ситуација оваа зима.

Се очекува до почетокот на октомври температурите да се нормализираат за овој период од годината кога ќе се зголеми и производството на електрична енергија од ветерните електрани.

Translate »