За кого да гласаме!

Бутнавме режим со пенкало, сега треба и овие да ги бутнеме со пенкало. Проблемот е што немаме со кого да ги замениме, немаме нова опција, нова енергија необременета со опашки и криминали. Немаме фиљан луѓе кои посветено и одговорно ќе водат држава и ќе спроведуваат реформи по примерот на една Словенија, Чешка, Естонија итн.

Немаме затоа што повеќето ги избркавме надвор, а тие што останаа комплетно се дистанцираа од секаков политички и граѓански активизам. Го уништивме здравото, модерно ткиво кое единствено може да биде носител на прогресот. Во првите редови и кај едните и кај другите се истопори багра, криминалци, неизживеани шутраци, искомплексирани идиоти без грам памет, без квалитетно работно и животно искуство, без морал и со изместен систем на вредности.

И сега велите дека треба да излеземе да гласаме. За кого да гласаме, за сите оние партиски глувци скриени зад ликот и делото на Стево и Гордана? За да продолжите да нė јавате, да нė пљачкате и да нėправите слепи при очи?

Подобри биле, вели некој. Ако смета дека се подобри, нека си ги носи дома. Јас не видов никакво подобрување на квалитетот на услугите што ги дава државата, не видов подобро здравство, не видов подобро образование, не видов подобро правосудство. Видов само еден куп празни ветувања.

Споредбите со претходниците кои пробувате да ни ги наметнете како некаков лајт мотив се комплетно дегутантни и само зборуваат за вашата несигурност. Со самото тоа што се споредувате со нив и тоа ни ги ставате под нос, само покажувате дека не сте многу подобри од нив.

Јадна е оваа држава со сите вас умислени величини. Ја раскурцавте и ја претворивте во дистопија.

(ФБ статус на Александар Левески)

Translate »