Четири европски држави потпишаа договор со британска компанија за вакцина против корона

Италија, Германија, Франција и Холандија потпишаа договор со фармацевтската компанија „АстраЗенека“ за набавка на вакцина против новиот коронавирус за европските граѓани, соопшти италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Договорот е за 400 милиони дози од вакцина развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

„Оваа вакцина е во напредна експериментална фаза и се очекува да биде комплетирана наесен“, појасни Сперанца во објавата на „Фејсбук“.

Тој додаде дека првата серија на дози од вакцината ќе биде достапна до крајот на годината.

Европската комисија во петокот доби мандат од владите на ЕУ земјите да преговара однапред за купување на вакцини со ветувачки резултати против коронавирусот, изјави висок здравствен претставник на Унијата, но не се знае дали ќе има доволно пари на располагање.

Translate »