Предупредување: На светот му се заканува нова финансиска криза
Стигна ново предупредување за криза која ќе го зафати светот.
Поранешниот британски премиер, Гордон Браун вели дека светот е пред нова финансиска криза затоа што владите не успеале да се изборат со причините на последниот крах пред една деценија.
Тој беше премиер кога американската инвестициска банка Леман брадрс ја предизвика најстрашната финансиска криза од „Големата криза“ во 20 век, а сега порачува дека светот е без лидери и дека влегува во период на ранливост.
Смета дека глобалната економија не успеала да развие систем на навремени предупредувања и следења на финансиските текови на начин да може да се одреди каде се позајмуваат парите и под кои услови.
Тој смета дека се мали казните за финансиски малверзации и дека многу банки би очекувале ново спасување во случај на нова криза.
„Пеналите за малверзации не се доволно засилени. Стравот дека банкарите ќе отидат во затвор поради лошо однесување го нема. Не постои доволно силна порака дека владите нема да ги спасуваат институциите кои не си средиле по дома“, објасни Браун.
Укажа и дека меѓународната соработка која помогна во борбата против глобалната криза пред десет години денес не е возможна бидејќи државите станале протекционистички.
Претходната криза резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот