Се очекуваат температури од 50 Целзиусови степени
Топлотните бранови веќе со денови ја погодуваат Европа, а се чини дека кон крајот на неделата, особено во Шпанија и Португалија, пристигнува уште еден бран на екстремни жештини кој би можел да донесе температури и над 50 Целзиусови степени.
Вчерашниот ден беше топол во целата средишна, јужна и југозападна Европа. Во Шпанија биле измерени температури од 40 Целзиусови степени, а денеска во Германија биле измерени 38 Целзиусови степени. Највисоката температура денеска е измерена во Португалија – 41 Целзиусов степен.
И Северна Европа бележи екстремно високи температури – во Норвешка се забележани 30 Целзиусови степени, а на југот од Шведска дури 34 Целзиусови степени. Иако на тоа подрачје се очекува благ пад на температурите, југот на Финска и Шведска и утре го очекуваат високи температури над 30-тиот степен.