Момче се удави во Охридско езеро
Момче денеска е пронајдено мртво откако се удавило во Охридско Езеро.
Неофицијално момчето е од Куманово. Немилиот настан се случил околу 13.30 часот во населбата Далјан.
Тоа паднало од педалинката, а по пребарување од страна на полицијата, безживотното тело на момчето е пронајдено.
Надлежните служби ги истражуваат причините за несреќата. СВР Охрид ја потврди информацијата и најави подетални информации.
И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчетo.