Пуштен во функција сајтот „Дома си е дома“, проверете дали сте еден од 117.112 добитници на ваучер од 6.000 денари
Конечната листа на 117.122 граѓани-добитници на ваучерите од 6.000 денари за туризам кои треба да ги добијат како дел од третиот пакет на економски мерки на Владата е објавен на веб-платформата domasiedoma.gov.mk koja od deneska e vo funkcija.
Ова денеска го објави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека од една страна финансиски ќе се помогне на 117.122 граѓани да одат на летување, а од друга тоа ќе го поддржи туристичко-угостителскиот сектор во Македонија, како и местата кои до сега не беа познати и развиени.
– Завршени се сите постапки и официјално е пуштена платформата со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам. Изготвени се списоците за добитниците за ваучери за домашен туризам, согласно уредбата која ја усвои Владата на Северна Македонија и согласно сите списоци кои беа доставени од Управата за јавни приходи, рече денеска Бектеши на прес-конференцијата.
Добитници на ваучери се вработените лица кои имаат помали приходи од 15.000 денари месечно.