„Ај Ти на журка во МКЦ“: Еден билет за четири концерти!

Крајот на годината доаѓа, а периодот на забава само што започна! Како загревање за Новогодишната ноќ, во Младинскиот културен центар ќе се одржи голема предновогодишна забава со домашна музика, под името „Ај Ти на журка во МКЦ“.

Вечерта на 23 декември, МКЦ ќе се претвори во целовечерен подиум на кој гостите ќе имаат можност да ги слушнат омилените артисти од македонската сцена, да се забавуваат и да пеат караоке во Џебното кино. Организаторот обезбеди вкусна храна и пијалаци во неограничени количини, за присутните да имаат енергија за танцување и пеење до доцна во ноќта.

Да, мислиме на предновогодишна забава! Доколку сè уште не се одлучивте каде ќе прославите заедно со своите пријатели, колеги од вашата компанија или деловни партнери, ние ве покануваме да ни се придружите на долго очекуваниот настан, за кој можеме да кажеме дека е еден сосема нов, несекојдневен и исклучително забавен концепт – „Ај Ти на журка во МКЦ“. Добредојдени се сите кои сакаат да си поминат незаборавно!

Накратко што можете да очекувате на овој настан:

Фестивалско искуство: Го трансформиравме МКЦ Скопје во фестивалско поле со четири неверојатни сцени за да ве забавуваме вас и вашите вработени, соработници, деловни партнери, пријатели или членови на вашето семејство.

Танцувајте на вашиот омилен ритам, опуштете се со Фолтин, Нокаут, Нина Јанева и други, уживајте во настапите во живо, предизвикајте ги колегите на караоке во Џебно Кино.

Детали за настанот

Датум: 23 декември (сабота) 2023 година.

Место: МКЦ (Младински културен центар), Скопје

Тема: Фестивал на иновации на 4 нивоа

Четири нивоа на забава:

Главна сцена (Сала 25 мај): Бендови во живо Нокаут (ексклузивно), Нина Јанева и екипата.

Клуб МКЦ: Танцувајте цела ноќ со диџеј Гоце Саф и диџеј Чваре.

Кино Фросина: Фолтин

Џебно Кино: Предизвикајте ги колегите со или без пејачки способности. Во џебното кино ве очекува караоке настан кој ќе тече непречено, а забавата ќе биде неизбежна.

Можности за вмрежување:

Покрај тоа што овој настан нуди исклучителна забава, концептот и идејата која не поведе да го креираме истиот, е и поврзување на кариерно ниво со професионалци од повеќе области како ИТ, економија, маркетинг и многу други. Искористете ја можноста да ги проширите вашите бизнис контакти во енергична и празнична атмосфера.

Присутните на забавата ќе имаат можност да уживаат во богат избор на кулинарски задоволства и извонредна храна, топли и ладни предјадења, грил специјалитети, ордевери, салати, како и неограничен широк асортиман на алкохолен и безалкохолен пијалак.

Овој настан е одлична можност за дружење со вашата компанија, пријатели и секој од вашиот близок круг каде ќе можете да ги прославите овогодинешните успеси и да се поврзете со нови потенцијални соработници, да создадете нови пријателства со кои ќе ја започнете 2024 година.

За да го обезбедите вашето место на предновогодишната забава, љубезно одговорете на оваа покана. Просторот е ограничен, затоа не ја пропуштајте оваа фантастична прослава.

Early-bird цена: 3.540 МКД

Во слободна продажба се пуштени само мал дел од билетите, затоа не чекајте и не ја пропуштајте шансата да бидете дел од оваа уникатна и незаборавна предновогодишна забава.

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации, контактирајте не: meri@giftshop.mk

Продажни места:

Онлајн

www.giftshop.mk

Физичка продажба

https://netaville.mk/

Организатори:

www.giftshop.mk

www.tocka.com.mk

www.evit.mk

www.restorani.com.mk

Translate »