Динамичното секојдневие бара и посветена нега: Милена Антовска го открива својот сојузник за свеж и младешки изглед на кожата
Обврски, рокови и брзо темпо на живот – секојдневието на многу жени денес е исполнето со предизвици кои оставаат трага не само врз енергијата, туку и врз изгледот на кожата. Токму затоа, водителката и јавна личност Милена Антовска посветува особено внимание на својата рутина за нега, избирајќи производи кои ѝ помагаат да ја одржи кожата свежа, негувана и со здрав сјај.
„Не дозволувам стресот и напорниот ритам да остават трага на моето лице. Мојата кожа заслужува внимание секој ден“, вели Милена.
Како дел од својата секојдневна рутина, таа го користи Eucerin Epigenetic Serum, формула создадена да ѝ даде поддршка на кожата и да придонесе за посвеж, поцврст и помладешки изглед. Со напредна технологија и внимателно избрани состојки, серумот е наменет за оние кои сакаат да се грижат за својата кожа и покрај динамичниот начин на живот.
Во време кога грижата за себе станува сè поважен дел од секојдневието, Милена потсетува дека неколку минути посветени на негата на кожата можат да направат голема разлика во тоа како изгледаме и како се чувствуваме.
Затоа, без разлика колку е исполнет денот со обврски, малите ритуали за нега остануваат важен чекор кон здрава, негувана и блескава кожа.

