Викал Југославија, па почнал да пука од пиштол!
Инцидентот се случил во Хрватска. 66 годишен гостин извадил пиштол во попладневните часови во кафеана во местото Свети Криж. Почнал да пука, извикивајќи -Југославија! Југославија!
За среќа, никој не бил повреден.
Келнерката веднаша викнала полиција и гостинот бил приведен. Засега не се знае дали тој кривично ќе одговара. Утврдено е дека 66 годишникот бил под дејство на алкохол.