8 знаци кои покажуваат дека наскоро може да добиете пари
Според некои древните верувања постојат знаци кои навестуваат дека наскоро ќе ви пристигнат пари. Еве на што треба да внимавате :
- Постојано го гледате бројот 8. Овој број во Кина симболизира голема среќа. Тоа е нивниот најсреќен број, кој воедно симболизира и рамнотежа. Ако во последно време често го гледате околу вас , тоа значи дека е можно да ви се подобри финансиската состојба.
- Сте добиле нешто на некој одреден ден. Без оглед дали се работи за пари или нешто дуго, ако добивката ви дошла на полна месечина, на почетокот на месецот или на некој друг важен датум или ден , тоа значи дека парите ќе почнат лесно да ви доаѓаат.
- Во близина сте на трудна жена. Според древните кинески верувања, бремените жени во себе носат среќа, а тоа се пренесува и на оние кои се до неа. Ако сте до бремена жена , благосостојбата може да помине и на вас.
- Бубачки во куќата. Особено ако се со кафеава боја, носат среќа и пари. Тука пред се спаѓаат, скакулците и пајаците , барем така викаат на Тринидад. Во Кина, инсекти за кои се верува дека се предвесници на среќата се штурците. Во некои земји веруваат дека пеперутките со темни крилја носат пари и благосостојба.
- Меурчиња во кафето. Луѓето кои ќе видат меурчиња во кафето, можат да се надеваат дека ќе им тргне на подобро. Во Канада се верува дека ако со лажичка од кафето го фатиш меурот а тој не се распрсне, тоа е знак дека ќе ви се посреќи.
- Ситни метални пари во куќата. Спред древните кинески верувања, металните пари на купче привлекуваат големи финансии. Затоа ставете ги во тегли и поставете на клучните места во домот. Истото го веруваат и Русите, тие ситните пари ги ставаат во шкафовите и фиоките за да привлечат покрупни монети.
- Измет од птица. Нашите луѓе веруваат дека ако врз вас падне измет од птица, ќе ви се случи нешто убаво , ќе ви донесе ксмет и пари.
- Букви во пајажина. Се верува дека ако ги видите своите иницијали во мрежа на пајак, тоа ќе ви донесе голема среќа,