Мајка го претепала бебето со лажица, а сега позира на Инстаграм

Лориен Норман  крвнички ја  истепала својата  8 месечна ќерка со  метална лажица . Кога полицијата го повикала таткото, детето веке било хоспитализирано, со модринки на очите, носето и образите.

Со модринки и подливи, во болница

“Не можев да поверувам. Бев во шок. Полиција ми дојде на врата. Мојата поранешна сопруга  вечерта се заканувала дека ќе ја фрли нашата ќерка преку тераса, а потоа полицајците насилно ја отвориле вратата од станот. Ја затекнале во бессознание пијана,  а детето било облеано со крв”, вака на страшната ноќ се спомнува таткото на девојчето. Инцидентот се случил во октомви 2016 година во Австралија, а Иви оттогаш живее со таткото.

Во прегратката на тато

Минатата година во септември мајката ја признала вината, иако претходно тврдела дека детето паднало во паркот. Иако за ваков престап следува максимална казна од 13 години затвор, судот на 26 годишната Лориен ѝ изрекол  условна затворска казна од две години  и  такса од  500 долари, и сега таа е на слобода.

Мајката позира во купатило

Таткото на девојчето вели дека секојдневно добива пораки од мајката, која му пишува дека наскоро ќе добие старателство над детето. Во една од пораките таа му порачува:

” Ете гледаш, не отидов во затвор! И што ако се сите социјални медиуми против мене?! Јас сепак успеав! И за една година, ќе имам делумно  старателство над Иви!”

Девојчето, во меѓувреме,  расте и одлично напредува, но таткото стравува дека нападот може да остави трајни последици врз менталното здравје на девојчето.

Иви, среќна и дотерана, подготвена за прошетка

 

Translate »