Собирал железни парички, по неговата смрт семејството добило наследство од 2,5 тона
Возач на камион од северот на Германија цели 30 години собирал метални парички, кои ги пакувал во пластични ќеси. Во неговата колекција има и марки и евра, но и фенинзи и центи.
Кога човекот починал во мај годинава, неговото семејство наследило над еден милион монети, со вкупна маса од два и пол тона.
Толкаво количество метал предизвикува повеќе проблеми отколку радости, но пред 15 години еврото ја замени марката како официјална валута во Германија, па благодарение на тоа, семејството ќе има и полза од дел од наследството
Натаму, паричките биле проследени до германската Централна банка, чии службеници мораа трпеливо и прецизно да ги избројат се до последниот цент. За пребројување на едно ќесе, бил потребен околу еден час, но за сите ќесиња биле потребни неколку месеци.
– Секоја монета мина низ моите прсти, но јас сакам тоа да го работам, па и не ми беше некој голем проблем, изјави Волфганг Кемерајт, еден од службениците.
Кога парите биле издвоени и пребројани, станало јасно дека семејството на камионџијата наследило 16.000 германски марки, односно 8.000 евра