Заспал под дрво, а се разбудил со ѕвер до него
Дивите мачки се најголеми грабливки во животинскиот свет, но се чини дека пред се се мачки кои сакаат да се галат и да се дружат. Во ова се уверил Долф Волкер кога ја запознал Еден, гепардка која ги сака луѓето. Нивното дружење во Африка датира уште од 2014 година. Волкер во еден момент посакал да се одмори под едно дрво, ги затворил очите и кога ги отворил до него лежела Еден , желна за малку љубов и гушкање. Еве и видео од необичната дружба меѓу човекот и ѕверот.

