Инспирирани од природата, Васил Филипов со Flower City изработуваат “зелени sидови” кои красат многу ентериери.
Да се донесе природата во затворен простор и со тоа дополнително да внесете живост, радост и позитивна енергија е навистина нешто посебно.
“Ниту еден почеток не е лесен, особено кога ќе донесете нешто ново на пазарот, кое досега не е видено, а клиентите не го познаваат”, истакнува Васил Филипов динамичен претприемач кој со Пирин Експорт веќе има зад себе успешна бизнис кариера во сегментот на сауни и топли бањи. Често патувам во странство, посетувам и саеми за внатрешен дизајн и ентериери, ги следам трендовите во архитектурата така што со зелените зидови се имам сретнато уште пред многу години. Веднаш ме освоија, бев силно мотивиран да ги направам достапни и во Македонија, бидејќи навистина се преубави, декоративни, инспиративни.
Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои ќе донесат хармонија и позитивна енергија во просторот, раскажува Васил, додавајќи дека кај нас се зголемува изведбата на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи.
Фото: Диоптра ГТЦ Скопје
“Зелените ѕидови” се еколошки производ кој обезбедува дел од природата во бетонски и железни структури. Зелени површини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Иновативен и единствен производ од својот вид, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, кои го одземаат здивот.
Природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор или пак условите не овозможуваат градина и зеленило. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.
Ова е производ на иднината што ни доаѓа лесно и безбедно. Станува збор за внатрешни содржини кои ќе бидат неопходен дел од секој деловен простор или дом. Ние гарантираме за нашите производи за три до пет години, а ако клиентот ги почитува условите за одржување, производот од овој тип трае двапати подолго.
Зелените ѕидови се се повеќе хит во архитектурата и на македонскиот пазар, а трендовите покажуваат дека луѓето што ја сакаат природата и зеленилото, а не се во можност да уживаат во тоа поради деловните обврски, ги вградуваат се почесто.
Фото-приватен стан во Скопје
На некој начин, ако некој е лице на кого му е тешко и кактус да одржува, а од друга страна сака зеленило, цвеќиња и природни орнаменти, тогаш зелените ѕидови се само за него.
Зелените ѕидови ја носат природата во домот или деловниот простор, не бараат грижа околу наводнување, хранење, проверка и слично, што ги прави многу практични.
Повеќе инфо на https://flowercity.mk/
Фото- атриум во објект Адора Diamond Garden, на Адора инженеринг
Фото-Прокредит банка Скопје
Фото-Александар Палас Скопје
фото-приватен стан во Скопје