Меркел канцеларка на Германија по 4-ти пат
Ангела Меркел на изборите во Германија ја покажа својата политичка надмоќ, освојувајќи го, убедливо, по четврти пат мандатот.
Нејзината партија ЦДУ победи со освоени 32,5 проценти од гласовите , а социјалдемократите доживеаја тежок пораз со 20 насто добиени гласови. Одличен резултат направи деснорадикалната и популистичка Алтернатива за Германија (АфД) со 13,5 отсто гласови, со што, оваа партија се профилира како трета најсилна во парламентот.