SKYSHOWTIME ГО ПОТВРДИ ДАТУМОТ ЗА ПРЕМИЕРА НА СЕРИЈАТА „GREASE: RISE OF THE PINK LADIES“

SkyShowtime денес го потврди датумот на премиера на новата серија Grease:
Rise of the Pink Ladies. Во продукција на Paramount Television Studios, претстојната музичка серија ќе почне да се прикажува на SkyShowtime во петок, 7 април, со нови епизоди од вкупно 10 во сезоната достапни за стримување еднаш неделно секој петок.

Погледни го трејлерот тука:

Дејството во музичката серија се одвива четири години пред оригиналниот Grease, во 1954 година пред да завладее рокенролот, пред T-Birds да бидат најјаки во училиштето, четири поинакви девојки се осмелуваат да им пркосат на нормите, предизвикувајќи морална паника што ќе го смени средното училиште Рајдел засекогаш.

Во серијата настапуваат Мариса Давила како Џејн, и Шајен Изабел Велс како Оливија, Ари Нотартомасо како Синтија, Триша Фукухара како Ненси, Шанел Бејли како Хејзел, Медисон Томпсон како Сузан, Џонатан Нивс како Ричи, Џејсон Шмит како Бади, Мексвел Витингтон-Купер како Воли и Џеки Хорфман како помошник- директорката Мекџи. 
 
Анабел Оукс (Atypical, Transparent) е сценарист и извршен продуцент, како и комплетен автор и режисер. Марти Боуен и Вик Годфри се извршни продуценти за Temple Hill, Адам Фишбах е, исто така, извршен продуцент, а Алетеа Џонс (Made For Love, Dollface, Evil) ја режираше пилот-епизодата и уште две други епизоди, а притоа е и извршен продуцент. Ерик Фајг и Сејми Ким Фалви се извршни продуценти преку PICTURESTART, а продуцентка е и Грејс Гилрој. Кореографијата е на Џамал Симс, кој, исто така, режираше, а музиката е на извршниот музички продуцент и кандидат за „Греми“, Џастин Транте.

Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com.

Месечната цена на SkyShowtime е 5,99€.
 
За SkyShowtime 
SkyShowtime е следната голема услуга за стримување во Европа што ќе се активира во повеќе од 20 пазари и ќе опфаќа повеќе од 90 милиони домаќинства. Сега достапна во Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.  
 
Заеднички потфат на Comcast и Paramount Global, SkyShowtime ги носи најдобрата забава, филмови и оригинални серии од легендарните брендови Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock. SkyShowtime ќе биде дом и на голем број ексклузивни локални продукции, како и на оригинални серии од SkyShowtime.

Translate »