Зошто Турција е толку трусно подрачје?

Силен земјотрес во Егејското Море ја погоди Грција и областите на западна Турција, при што загинаа повеќе од дваесет луѓе. Земјотрес со јачина од 7,0 степени уништи згради во турскиот град Измир.

Според последните податоци, најмалку 27 лица, меѓу кои и две деца, го загубија животот во петокот во Грција и Турција по силниот земјотрес во Егејското Море. Дваесет и пет лица починаа во турскиот приморски град Измир, а две деца починаа на грчкиот остров Самос, потврдија службите за итни случаи.

Најголемата штета се случи во третиот најнаселен град во Турција, Измир, во кој живеат 4,3 милиони луѓе

Министерот за здравство Фахретин Коча на Твитер изјави дека во градот биле распоредени амбулантни возила, медицински хеликоптери и медицински спасувачки екипи. Локалните медиуми објавија дека морскиот бран ги претворил улиците на Измир во брзи реки, односно се случило „мини цунами“.

Бројни згради се срушија, а снимките од воздухот на турската телевизија НТВ покажаа дека целиот градски блок се претворил во урнатини, а луѓето се искачиле по ридовите за да стигнат до спасувачите. Чадот е снимен на повеќе места во центарот на Измир. Турскиот министер за внатрешни работи објави дека неколку згради во западната провинција Измир се целосно уништени.

Турските медиуми соопштија дека земјотресот бил почувствуван во регионите Егеј и Мармара, каде се наоѓа Истанбул. Земјотресот беше почувствуван на источните грчки острови, па дури и во грчката престолнина Атина.

Имаше првична конфузија околу точната јачина на земјотресот. Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека јачината е 6,6, додека американскиот геолошки институт забележа 7,0.

Ваквите разлики се вообичаени веднаш по земјотресот, според АП.

Зошто Турција е толку трусна?

Турција е особено подложна на земјотреси, бидејќи поголемиот дел од континентот е во „кутија“ со раседни линии што водат во различни насоки. Линиите се протегаат на запад – од спојот со источниот анадолиски расед, што ја формира тектонската граница помеѓу Анадолската плоча и Арапската плоча, која се движи северно до Егејското Море во должина од 1.500 километри.

Истанбул се наоѓа во непосредна близина на раседот Северен Анадолија, границата помеѓу двете главни тектонски плочи на кои често се случуваат разорни земјотреси. Северната анадолска зона раједа ја означува границата помеѓу евроазиските и анадолските плочи.

Повеќе од 17.000 луѓе ги загубија своите животи во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди југоисточниот град Измит во август 1999 година.

Постои значителен ризик од големи штети и повреди во Турција, како резултат на поблаги правила за градежнштво кои владеат во оваа земја.

Кога станува збор за патување во Турција, на туристите им се препорачува да водат сметка за природните катастрофи.

Многу делови на Турција се склони кон земјотреси. Треба да бидете запознаени со процедурите за безбедност од земјотреси и да ги следите советите на локалните власти.

Translate »