Откриваме: Еве колку шолји кафе е добро да се испијат во текот на денот
Ако сте и вие едни од оние што не може да го замислат својот ден без една или повеќе шолји домашно кафе и ако се прашувате како тоа влијае на вашето здравје, се наоѓате на вистинското место тоа да го дознаете. Доста често се истражува позитивното влијание на кафето врз здравстените параметри и препорачаната количина, ви откриваме неколку причини поради кои можете и понатаму безгрижно да уживате во својот најдраг напиток.
Кафето содржи антиоксиданти, витамин Б2 кој учествува во правилното функционирање на келиите, растот и метаболизмот на мастите и минералите како што се калиумот и манганот кои може да имаат поволно влијание врз здравјето. На пример, некои истражувања сугерираат дека со конзумација на кафето може да се намали ризикот од Паркинсонова болест, дијабет тип 2 и други заболувања. Исто така, кафето може да влијае на подобрување на когнитивните функции, концентрацијата и зголемување на нивото на енергијата.
Светската здравствена организација препорачува внес од 300 до 400 мг кофеин дневно, што одговара на отприлика три до четири шолји кафе. Бидејќи кафето е омилен пијалок низ целиот свет, а популарноста не доаѓа само од љубовта кон вкусот туку и заради бројните истражувачки студии кои ги откриле разните бенефити што ги дава кафето.
Кафето, кога се конзумира во вистински момент во текот на денот, може значително да придонесе за зачувување на енергијата, продуктивноста и опуштањето. Од утринското кафе што не буди до вечерното што не опушта, секоја шолја има свој бенефит. Важно е да се слуша сопственото тело и да се ужива во кафето со мерка, за да се искористат максимално сите негови предности.
Првото утринско кафе: Енергија за почеток на денот
Многумина не можат да го замислат утрото без шолја кафе. Првото утринско кафе дава енергија и не буди од сон. Кофеинот помага во активација на мозокот, ја подобрува концентрацијата и ни помага да се освежиме при будењето. Ова е идеално време да се потпреме на кафето како помошник што ќе ни даде поттик за целодневни активности.
Пладневно кафе: Одржување на продуктивноста
На пладне, кога честопати доаѓа до пад на енергијата, кафето може да послужи како одличен стимул. Оваа шолја може да ја подобри нашата продуктивност и фокус, да помогне што полагодно да ги решиме преостанатите задачи што ги имаме. Исто така, уживањето во кафето во текот на паузата може да биде шанса за неформално дружење со колегите, што дополнително може да го подобри расположението и да го намали стресот.
Попладневно кафе: Ослободување од уморот
Попладне, кога ќе стигнеме дома и се чувствуваме уморно и исцрпено од обврските кои сме ги решавале во текот на денот, кафето може да помогне во борбата против тоа чувство. Оваа шолја кафе ќе ни понуди дополнителна енергија и ќе ја подобри физичката и менталната издржливост. Кофеинот го намалува чувството на замор и ни овозможува да се фокусираме на преостанатите договорени активности.
Вечерно кафе: Уживање во моментите на опуштање
Вечерното кафе може да биде совршена можност за опуштање и ослободување од стресот бидејќи претставува уживање во едноставните мигови кои не исполнуваат. Тоа е време за опуштање со омилената серија или книга и за правење планови за уживање во текот на претстојниот викенд.
Правилна консумација
Има доволно причини за и во иднина да се препуштите на својот незаменлив ритуал на пиење омилена шолја кафе и по неколку пати во текот на денот додека препознатливиот мирис и вкус ги обзема вашите сетила. Умерениот внес на домашно кафе може да биде дел од вашиот здрав начин на живот како секојдневен придружник во различни активности, кога ви треба доза на вистински хедонизам и енергија.