МАЖИ, ЈАДЕТЕ ГО ОВА АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА ЖЕНИТЕ!
Мажите кои јадат големи количини овошје и зеленчук, ги емитуваат најатрактивните за дамите мириси со цветни и слатки ноти, објавува “Дејли мејл”, повикувајќи се на студија на технолошкиот универзитет во Компиен. Добро мирисаат и обожавателите на месото и јајцата. Секрецијата на потни жлезди сама по себе нема мирис, но кога ќе се спои со кожна бактерија почнува да емитува непријатна миризба.
Научниците од Универзитетот во Компиен развиле вештачки антитела кои се врзуваат со хемикалиите во потта и спречуваат лоѓ мирис.
Според друго истражување на универзитетот “Маккуори” во Сиднеј, мирисот на машкото тело поднесува сигнална информации за неговата здравствена состојба на жените.
Научниците замолиле 9 жени да ја помирисаат потта на 43 мажи. Дамите ја посочиле потта со највисоко ниво на каротиноиди за најповолен мирис – со овошна, сладка нијанса.
Каротиноиди се природни пигменти кои се содржат во многу овошје и зеленчук. Господата кои би сакале да бидат попривлечни за спротивниот пол, треба да се воздржат од конзумирање на јаглени хидрати и да се обложуваат на месото и зеленчукот, советуваат научниците.