Женска среќа: Цвеќе кое носи здравје и љубов во домот

loading...

Спатифилиум е едно од најпопуларните декоративни цвеќиња за домот. Води потекло од Јужна Америка, и е многу лесен за одржување.

zenska-sreka-cveke-koe-nosi-zdravje-i-ljubov-vo-domot-01.jpg

Не бара многу светлина, а најмногу му одговара саксијата да е сместена на од прилика 2 метри оддалеченост од прозорецот. Ако листовите почнат да пожолтуваат, преместете го во друг дел од домот.

Градинарски центар ФОЈА

Во текот на летните месеци треба да се полева 3 пати во неделата, а во зима доволно е еднаш.

zenska-sreka-cveke-koe-nosi-zdravje-i-ljubov-vo-domot01.jpg

Спатифилиумот сака влажен воздух. Не треба да му се става премногу вода затоа што во тој случај нема да роди цвет.

Му годи туширање и влажнење на листовите, но мора да внимавате да не се намократ цветовите. Доколку почне да венее, можно е коренот да е премногу влажен, па пресадете го во сува земја.

zenska-sreka-cveke-koe-nosi-zdravje-i-ljubov-vo-domot01_1.jpg

Оваа билка се размножува кога ќе заврши со цветање, во периодот на мирување.

Важи за ефикасен прочистувач на воздухот, се верува и дека на девојките им носи среќа, a и здравје во целиот дом. 

zenska-sreka-cveke-koe-nosi-zdravje-i-ljubov-vo-domot01_4.jpg
Translate »