ВИДЕО: Магија на Барди – атрактивен гол од слободен

Македонскиот репрезентативец Енис Барди му се врати на фудбалот и експресно постигна ефектен гол од слободен удар во натпреварот од Купот на Кралот против Ваљадолид (1-1).

Барди доби шанса да шутира од дваесетина метри и го измами голманот со шут по земја додека „живиот ѕид“ беше во воздух. Играчот од средниот ред на претходната средба се врати од повреда и првпат заигра по два месеци, а сега го даде и првиот гол.

Translate »