ЈСП: Од 9 до 13 часот автобусите нема да сообраќаат

ЈСП информира дека од утре, четврток, 9 април, па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).

Останатиот распоред, може да се види на веб страницата, со избор на посакуваниот ден/датум.

Согласно одлуката за забрана за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, јавниот превоз во посочениот период нема да функционира.

Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА во РАБОТНИ ДЕНОВИ

Од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.

Билетарници

Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Центри за персонализација

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

„Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции. Во случајов, ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот“, велат од ЈСП.

Translate »