Борко Ристовски на необичен начин ѝ честитал годишнина на сопругата: „Да издржиме барем уште четири години“
Македонскиот репрезентативен голман во ракомет, Борко Ристовски и неговата сопруга Николина одбележуваат три години брак, а по тој повод тој ѝ честитал на интересен начин.
Имено, неговата сопруга, Николина Ристовска, на нејзиниот Фејсбук профил сподели како нејзиниот сопруг ѝ честитал годишнина од брак.
„Борко ми честита сабајле – ‘срце мое среќна годишница да издржиме уште 4 бар’“, вели Ристовска и додава:
„Три години брак, многу лудо возење, издржавме машки“, напиша Николина под фотографиите на кои љубовта е очигледна.
Борко ја запроси убавата кумановчанка пред три години, после само една година врска.
По неколку месеци го добија синот Душан, кој го доби името во чест на починатиот татко на Борко.
„Борко многу сака деца. Ние неколку месеци уште пред да останам бремена, имавме голема желба да бидеме родители. Јас имав доста тешка бременост, но тоа ме зајакна и ме направи посилен човек, ме научи на многу работи, а откако си го имам Душан се си има своја смисла. Борко уште веднаш прокоментира како веднаш сака и второ дете, но мене навистина ми треба една убава пауза, да му се посветам на Душан и да го заборавам лошото и непријатното кое мораше да биде дел од најубавото искуство во мојот живот“, своевремено изјавила Николина за „Фокус“.

