Временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 26 до 34 степени.

И во следните денови во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.

Translate »