УГРИНОВСКИ: КОРОНАВИРУСОТ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ КАКО ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ЗА ОНА ШТО И ГО ПРАВИМЕ НА ЗЕМЈАТА
Во денешното „Отворено студио“ на ТВ 24, неврохирургот Јовица Угриновски изјави дека властите досега успешно се справуваат со кризата со пандемијата од коронавирус.
Тој смета дака ова требало да му се случи на светот како последна опомена за она што и го правиме на планетата Земја
– Ова го предвидов многу години пред да се случи, не знаев кога ќе се случи. За жал, ова требаше да му се случи на светот како последна опомена за она што и го правиме на планетата Земја. Морам да кажам дека здравствено-политичките власти досега успешно се справуваат со кризата. Јас не сум ниту епидемиолог, ниту инфектолог, ниту матичен лекар, ама им симнувам капа за она што досега го направија” – оцени Угриновски.
Д-р Угриновски посочи и дека поранешните социјалистички и комунистички држави подобро се справуваат со епидемијата, за разлика од западните држави.
– Клекнаа на коленици една Италија, една Шпанија и една Америка која себеси се нарекува суперсила. Тоа е поради нивниот капиталистички пристап. На пример, Кина, Куба, Хрватска и некои други држави имаат различен пристап, односно здравјето на популацијата им е на прво место, за разлика од капиталистичките земји на кои профитот им е на прво место, а здравјето на второ. Колку за пример, во ек на епидемија во Шпанија 50.000 гледачи го гледаа мечот Аталанта-Валенсија, а во Италија скијачките центри работеа со полна пареа, кај нив профитот е на прво место, смета Угриновски.