Глутница крволочни кучиња растргнале жена насред улица: Крвнички ја нападнале и ја изгризале до смрт

Жена била убиена од 11 кучиња, додека одела на работа. Кучињата првично ја следеле, а потоа ја собориле на земја и ја растргнале.

Маргарита одела кон работното место во Мексико, а тој ден одлучила да оди пешки. Снимката од надзорните камери покажува дека жената изненадно ја опкружуваат од 11 кучиња. Тогаш се обидела да побегне, а потоа се губи од видео кругот при што очигледно паѓа на земја. 

Според извештаите, кога нејзиното тело било пронајдено на многу места кожата ѝ била растргната, како и косата и делови од черепот.

На основа на достапни информации, познато е дека кучињата биле од средна големина и дека веројатно била нападната, бидејќи залутала на нивна територија.

Градоначалникот ги упати членовите на Центарот за контрола и заштита на животни да го посетат местото на настанот и да ги пронајдат животните.

Полицијата води истрага и сè уште не ја исклучува можноста дека кучињата биле намерно поставени на тоа место за да ја убијат несреќната жена.


Translate »