СВЕТСКА БАНКА – македонската економија ќе влезе во рецесија, после кризата ќе требаат фискални реформи
Коронакризата ќе предизвика рецесија во земјава, прогнозира Светска банка, а ако епидемијата и мерките продолжат и во вториот квартал, таа ќе биде уште подлабока.
„Растот во 2019 година од 3,6 проценти изненади во нагорна линија и невработеноста се намали на уште едно историско ниско како резултат на зголемувањето на вработеноста. Сепак, краткорочната перспектива – слично на другите земји во регионот – е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година. Пандемијата и мерките за ограничување на дрижењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, се вели во најновиот извештај на Светска банка.
Економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, нагласуваат, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.
Poveke na Faktor.mk