Мицкоски со реакција по одлуката на СДСМ да не оди на избори
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш упати реакција на синоќешната одлука на СДСМ да не оди на предвремени парламентарни избори и му порача на претседателот на владеачката партија Зоран Заев дека ќе го победи на следното гласање кога и да се одржи тоа.
„СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.Костадин Костадинов, синоќа пополвина час по полноќ ја соопшти одлуката на СДСМ по состанокот на Извршниот комитет на партијата на која било решено, покрај тоа да не се оди на избори, и да му се даде шанса на концептот консензуален претседател зад кој ќе застанат сите партии од владеачката коалиција.