(Видео) Русите и на тротинети бегаат од земјата: На границите километарски колони, луѓето не бираат начини да се спасат од мобилизација

Русите масовно ја напуштаат својата татковина откако Владимир Путин прогласи делумна мобилизација на 300.000 војници за војната во Украина.

На видеата од граничните премини се гледаат колони од автомобили долги и по неколку десетици километри.

Иако од Кремљ тврдат дека извештаите за егзодусот на воено способни мажи се „напумпани“, на бројните гранични премини со Русија се создаваат колони автомобили, а има метеж и на аеродромите, иако цените на картите во еден правец од Русија достигнуваат и до 10.000 евра.

ужви настанале на границите на Русија со Казахстан, Монголија и Финска. Километарски колони автомобили се формирале и на границата на Русија со Грузија, за што сведочат бројните снимки од граничните премини.

Ендрју Рот, дописник на „The Guardian“ од Москва, објави видео кое покажува дека Русите не бираат средства за да ја напуштат земјата, па дури и со тротинети ја преминуваат границата со Грузија, бидејќи поради големите гужви и застои е невозможно да ја преминат со автомобил.

Translate »