Села за Заев: Избран е за премиер на државата, а не за крал
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села реагираше по повикот на премиерот Зоран Заев за помирување даден во Собранието на денешната расправа за уставните амандмани.
– Не знам, можеби премиерот имал некој приватен или фамилијарен проблем на 27 април, па сега ја пружа раката за помирување. Доколку мисли на настаните од 27 април во Собрание, тој не е над институциите, над правдата. Избран е за премиер на државата, а не за крал – напиша Села.