Преку азбуката влезете во светот на Биби
Новиот популарен детски лик Биби, и нејзината азбука имаа своја светска премиера! На голема радост на сите, а посебно на децата, од пред некој ден македонската публика може да ја следи сезнајката Биби преку нејзиниот јутјуб-канал Биби.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VyyyNQn0-jw
Секоја буква е своја приказна и токму преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет.
– Повеќе од 6.000 прегледи на азбуката на Биби за 16 часа, позитивни коментари од публиката, дечиња кои веќе ги повторуваат зборчињата на Биби нѐ охрабруваат дека сме на добар пат Биби да им стане најдобро другарче на децата. Со неа ќе можат да учат многу работи, но и многу да се забавуваат затоа што најлесно се учи низ игра – вели Марјан Алексовски, еден од основачите на Факултети.мк и продуцент на серијалот за Биби.
Oд работите што таа ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини на палавата Биби. Веќе на 21 октомври, во терминот од 19 часот на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi, заедно со своите родители ќе може да ја проследат и првата сказна на Биби, „Биби и животните“. При крај е и подготовката на сликовницата на Биби, која наскоро ќе биде промовирана.
Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.