Три специјалитети кои мора да се пробаат во ресторанот Ботаника

Скопје има што да понуди за пребирливите гурмани! Ако сакате храната да ви биде вкусно солено и слатко доживување, секој залак да ви биде ново гурманско искуство, а храната да ви ја грее душата, тогаш за вас е ресторанот Ботаника Урбана Кафана.

Готвачката Софка Камиловска во нејзината магична кујна создава рецепти и готви јадења што нема да ги сретнете во друг ресторан во земјата. „Нашето мени се состои од храна подготвена со многу љубов. Ние навистина ја сакаме храната и сакаме истото да го чувствуваат и гостите кога ќе ја посетат Ботаника“, вели Софка.

Овде се што ќе пробате е вкусно, уникатно, и апсолутно ќе уживате во изборот. Издвојуваме Фета во фурна со медени смокви, шкампи обвиени со сланина, италијанска поркета врз пире компир, бифтек ќебапи со пепер сос, долг е списокот  на одлични специјалитети.

Кога ќе влезете во Ботаника се отвора и срцето и душата!

 Овде се оди не само да се јаде, туку да се ужива, да се креираат спомени на кои долго потоа ќе се сеќаваме!

Уреден ресторан, љубезен персонал, вкусна храна, интимност, од неодамна и мала градина, се се работи кои овде ги има,  а кои влијаат на нашето расположение и емоции.

Иако е лоцирана во самиот центар, Ботаника Урбана кафана претставува место каде што можете да се опуштите и да најдете мирен момент за себе и блиските, сето тоа комбинирано со добра храна и убави вина.  Да пробате нешто поразлично, а сепак блиску до нашиот вкус и традиција!

Не чекајте! Животот е краток за да не уживаме во него.

Translate »