Фотографии кои докажуваат дека дрвото на ентериерот му дава посебен шарм

Еден од големите трендови за 2023 година кога зборуваме за уредување на ентериерот е – дрво.

Ентериерот во којшто важен дел зазема дрвото за многумина е дом од соништата.

Величественото дрво може да се користи во уредување на сите простории, а многумина го сакаат поради тоа што е како вино – со текот на годините станува сè подобро и нималку не губи од убавината.

Поради тоа многумина покрај целата низа на нови материјали, во своите ентериери и натаму преферираат дрво.

Верни му се и многу од дизајнерите на ентериер. А кога сакате перфекција во изведбата тука е компанија ГеоИнг од Скопје, која работи со врвни дрвени материјали, со германска технологија, и кои буквално можат се да изведат.

Што го прави дрвото толку посебно?

– Дрвото е издржливо, што го прави долготраен избор.

– Разните видови дрва како јасен, бор, бука имаат свои единствени квалитети.

– Дрвото е природен материјал и помалку ѝ штети на околината од некои други материјали.

– Дрвото е естетски пријатно, а може да се користи на разни начини за на просторот да му даде шарм, топлина и душа.

канцеларија на Геоинг

Како да го користите дрвото во ентериерот?

дрвени подови

Има повеќе опции на кои може да се искористи дрвото. За почеток тоа се дрвените подови.

Тука вообичаено мислиме на дрвен паркет којшто на домот му дава доза елеганција и топлина.

Уште една опција се дрвените ѕидови и плочи. Тие можат да станат дел од вашата спална, па дури и тоалет. Дрвото е одличен материјал за создавање впечатливи ѕидови.

Наједноставниот начин за вклучување на дрвото во ентериерот е со помош на дрвен мебел, а тука се и гредите кои изгледаат особено прекрасно и моќно во ентериерот.

Translate »