Нови напади во Ерусалим! Се слушаат сирени, погоден автомобил, евакуиран парламентот

По ултиматумот на Хамас во Ерусалим биле лансирани ракети, а тензиите се повеќе растат.

Израелскиот парламент е евакуиран по ракетирањето, а на границата со Газа Израел ја засилил безбедноста.

Сирените се слушаат во Ерусалим откако биле лансирани седум ракети на Израел од насока на Газа.

Набргу потоа одекнале детонации, по што се огласи и претставникот на военото крило на Хамас, Абу Обеид и потврди дека ракетните напади биле одговор на, како што рече, злосторството и агресијата што Израел ги прави во Ерусалим, објави АП.

„Ова е порака што непријателот мора добро да ја разбере“, рекол Обеид, заканувајќи се со нови напади доколку Израел повторно им нареди на своите безбедносни сили да упаднат во џамијата Ал Акса или да извршат протерување на Палестинците кои живеат во источен Ерусалим.

https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&features=eyJ0ZndfZXhwZXJpbWVudHNfY29va2llX2V4cGlyYXRpb24iOnsiYnVja2V0IjoxMjA5NjAwLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X2hvcml6b25fdHdlZXRfZW1iZWRfOTU1NSI6eyJidWNrZXQiOiJodGUiLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfX0%3D&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1391772825405562882&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F376476%2Fedit&sessionId=568250dbd31f8e269e2f467f066d34ad96050eef&theme=light&widgetsVersion=82e1070%3A1619632193066&width=550px

Како што соопштила израелската војска, една ракета е пресретната, додека друга погодила цивилно возило на југот, а притоа полесно било повредено едно лице.

Хамас ја преземал одговорноста за нападот.

„Ситуацијата што настана поради најавата за протерување на палестинските семејства од источен Ерусалим предизвикува сериозна загриженост. Таквата акција е незаконска и е во спротивност со меѓународното хуманитарно право. Само поттикнува зголемување на тензиите”, предупреди Борел, а пренесе „Reuters“.

Translate »