Првпат во историјата дрон доставил бубрег за трансплантација: Минал пат од 5 километри, а имал и падобран
Првпат во историјата, на хирурзите во американска болница им бил доставен бубрег за трансплантација со дрон.
Многумина
гледаат огромен потенцијал за достава на медицински производи со
дронови, додека дроновите во Африка веќе се употребуваат во медицински
цели.
За превоз на органите бил потребен посебно дизајниран дрон кој бил во состојба да го одржува органот за трансплантација и да го надгледува.
Постои надеж дека тоа ќе овозможи подолги летови и решавање на проблемите со безбедноста во постоечките методи за транспорт.
Примателот, 44-годишната пациентка од Балтимор, чекала 8 години на трансплантацијата.
Таа за необичниот начин на испораката на органи рекла дека целата работа е неверојатна.
“Пред многу години, ова не било нешто за што би размислил”, рекла таа.
Според Единствената мрежа за распоредување на органи, која управува со пресадување на органи во САД, во 2018-та година имало речиси 114.000 луѓе на листата за чекање, со 1,5 проценти органи кои не пристигнале на одредиштето и речиси 4 проценти кои доцнеле два часа или повеќе.
Патот од речиси 5 километри барал многу нови технологии, вклучувајќи и специјално изграден дрон способен покрај органи да пренесува и камери и безбедносни системи за обезбедување на органите во текот на летот и комуникација и безбедносни системи преку густо населени подрачја.
Дронот бил опремен со падобрани во случај на дефект на леталото.