Неодоливи фотографии од градината на Кејт Мидлтон
Градината е инспирирана од детството на војвотката од Кембриџ.
Принцот
Луј, најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, прв пат бил
снимен како чекори на неодоливи фотографии настанати во градината на
неговата мајка.
Додека Луј ги прави првите чекори, неговиот брат Џорџ и сестрата Шарлот биле снимени како боси си играат на прекрасниот пејзаж во близина на нивниот дом во западен Лондон.
На една фотографија принцот Луј, кој првиот роденден го прославил во април, оди со гранка во раката, додека неговиот татко го набљудува со насмевка.
Новите фотографии се објавени од страна на Кенсингтонската палата, додека војвотката ја промовира својата градина инспирирана од детството и има за цел да ги поттикне децата да си играат на отворено, што има позитивно влијание на менталното здравје и развојот.
Кејт сакала градината да биде шумско окружување за семејството и заедницата, за од надвор да се поврзат со природата.