Трагедија во Германија: Автобус пробил ограда, едно лице загинало, 74 повредени
Едно лице загинало, а 74 лица биле повредени во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, на истокот на Германија.
Несреќата се случила во неделата навечер на авто-патот A9 во близина на Лајпциг. Според неофицијалните информации, до несреќата дошло бидејќи возачот заспал.
Портпаролот на полицијата не сакал ни да ја потврди, ни да ја демантира оваа информација. Седум лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу повредените има и 8-годишно дете.